ВИДЕО | УЛОВЕН НАЈГОЛЕМИОТ ПИТОН НА СИТЕ ВРЕМИЊА: Погледнете ја ‘тепачката’ помеѓу мажот и моќниот ‘ѕвер’: “Знаев дека ќе го совладам!“

Млад човек го фатил официјално најдолгиот бурмански питон на Флорида!

Џејк Валери (22 г.) го фатил морничавиот рептил во понеделникот во националниот резерват во близина на градот Неапол во сојузната држава Флорида.

Џејк Валери и неговиот пријател Стивен Гаута ја однеле заробената женка во центарот за заштита на природата каде што официјално е измерено дека питонот е долг пет метри и 80 сантиметри и тежок 57 килограми.

Два од најдолгите бурмански питони во историјата се фатени во Јужна Флорида. Најголемиот бурмански питон беше фатен претходно во октомври 2020 година на 50 километри западно од Мајами и беше долг пет метри и 71 сантиметар.

Одлично е што имавме можност да влијаеме на средината на Јужна Флорида. Го сакаме овој екосистем и се трудиме да го зачуваме што е можно повеќе“, изјавил Џејк Валери за веб-страницата на центарот за зачувување на природата кој работи на контрола на заканата од инвазивниот бурмански питон.

Џејк Валери признал дека фаќањето змија со таа големина е лудо и многу хаотично, но нагласи дека тоа е и негов сон.

Знаев дека сме способни за тоа, но не знаев дека ќе се случи. Минатата година со братучед ми фативме змија долга речиси пет и пол метри и сфативме дека можеме да се справиме со змија од таа големина“, изјавил Џејк Валери, кој лови змии од 2020 година.

Џејк Валери и Стивен Гаута

Тој ја опишал борбата со монструмот, која е снимена и на видео.

Го фатив за опашката на почетокот. И тогаш еден од моите пријатели зеде мрежа и се обиде да и ја покрие главата и брзо сфативме дека тоа не е победничка стратегија. Тоа е единствената змија која толку многу ме исплаши што не знаев што да правам“, рекол младиот човек.

На видеото се гледа дека младиот човек едвај со двете раце ја држи главата на питонот, која веднаш се завиткува околу него.

Боже мој“, вознемирено викаат луѓето од видеото додека младиот човек се бори со рептилот.

Погледнете го видеото ОВДЕ.