Ковачевски – Гир: Следниот чекор кон европската цел е важен за квалитетот на живот на македонските граѓани и за стабилноста во Европа

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска имал средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска имал средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир.

На состанокот била реафирмирана силната поддршка од европските партнери за евроинтеграцискиот напредок на Република Северна Македонија.

– Следниот политички чекор по европскиот пат, како што е констатирано, е директно поврзан со подобрувањето на квалитетот на живот на македонските граѓани. Исто така, исчекорот се очекува во европската заедница, како прашање од важност за стабилноста на европскиот континент, соопштија од владината прес-служба.

На средбата, како што се наведува во соопштението, заеднички било оценето дека сите политички субјекти во земјава и сите институции е неопходно да се фокусираат на одлуки што ја доближуваат Северна Македонија кон европската цел.