Кепа ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на сезоната

Голманот Кепа Аризабалага ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на сезоната.

Престижниот спортски шпански портал „Relevo“ тврди дека Реал одлучил да не го задржи голманот по завршување на сезоната. Кепа ќе се врати во Челзи на лето доколку не се случи нешто непредвидено.

– Реал е среќен со Андреј Лунин и во блиска иднина ќе го користи како главен голман. Тие ќе ја напуштат практиката со ротација во оваа позиција. Следната сезона првите тројца голмани најверојатно ќе бидат Украинецот, Тибо Куртоа и Фран Гонзалес, објави „Релево“.

Инаку, Реал Мадрид викендов го купи 17-годишниот украински голман Илја Волошин кој искуство ќе собира во „Ц“ тимот на кралскиот клуб во петтата шпанска лига.