Бритни Спирс фотографирана гола пред хотел! Поп-ѕвездата се огласи по невидениот скандал

Американската пејачка не престанува да ја шокира јавноста со своето однесување.

Бритни Спирс со години ја изненадува јавноста со своите испади во јавноста и на социјалните мрежи.

Таа често објавува разголени фотографии и видеа на Инстаграм, на што се жалат многу обожаватели.

Американската пејачка која кариерата ја започна во далечната 1999 година, сега повторно е во центарот на скандал бидејќи се фотографирала гола пред хотел во Лос Анџелес по забавата на која присуствувала со своето момче Пол Солиз.

Како што пренесуваат американските медиуми, Бритни предизвикала скандал во хотелот, откако по забавата во апартманот кој го резервирале, во собата имала физичка пресметка со своето момче Пол.

Токму таа ноќ беа направени ужасните папрацо фотографии на Бритни, која стои пред хотелот со членовите на обезбедувањето и екипажот на брзата помош, целосно гола, со јорган над неа и цело време држејќи перница.

„Само за луѓето да знаат, веста е лажна! Би сакалa малку почит во овој момент, луѓето да разберат дека станувам посилна секој ден! Вистината е с*ање! Сега ми треба нова четка за заби! Претпоставувам дека“ Јас сум само девојка и имам менструација, така да сум кучка.Си го истегнав глуждот синоќа, а болничарите нелегално ми се појавија на врата,Никогаш не влегоа во мојата соба, но се чуствував потполно вознемирено. Се селам во Бостон”, напиша Бритни во збунетата порака што ја објави на Инстаграм.