Медведев: „Ако контраофанзивата беше успешна, ќе требаше да се користи нуклеарно оружје“

Затоа нашите непријатели треба да се молат за нашите воини. Тие не дозволуваат да се запали глобален нуклеарен оган“, рече Медведев.

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев денеска изјави дека Москва ќе мора да употреби нуклеарно оружје доколку контраофанзивата на Киев биде успешна.

Медведев на своите официјални профили на социјалните мрежи, честитајќи го Денот на руската морнарица, рече дека Русија ќе биде принудена да се потпре на сопствената нуклеарна доктрина во такво сценарио.

„Замислете дека офанзивата, поддржана од НАТО, успеа и дека ни одзедоа дел од нашата земја, тогаш ќе бидеме принудени да користиме нуклеарно оружје, врз основа на правилата на декретот на рускиот претседател од 6 февруари 2020 година. – истакна Медведев.

Според него, едноставно не би имало друг излез.

„Затоа нашите непријатели треба да се молат за нашите воини. Тие не дозволуваат да се запали глобален нуклеарен оган“, рече Медведев.