600 ПОЛИЦАЈЦИ ВО АКЦИЈА – Уапсени повеќе од 70 членови на криминални групи во регионална полициска акција – Специјалците ги опкружија од СИТЕ СТРАНИ

Повеќе од 600 припадници на Министерството за внатрешни работи на Р.Србија, во соработка со Безбедносно-информативната агенција (БИА) и Европол, како и со Обвинителството за организиран криминал, во денешната обемна регионална акција уапсија над 70 лица, меѓу кои и членови на две организирани криминални групи, јави дописникот на МИА од Белград.

Извршен е претрес на 80 локации при што припадниците на МВР одзеле поголема сума пари, десетици луксузни автомобили, поголема количина оружје и муниција, неколку килограми наркотици и злато, соопшти РТС.

Осомничените се товарат за сторени кривични дела неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, недозволено производство, држење, носење и тргување со распрскувачки материи, тешка кражба, здружување за извршување на кривични дела и тешко убиство во обид.