Климатската криза му се заканува на културното наследство

Во земјите од Западен Балкан најмалку заштитени локации има Северна Македонија и тоа само две, а потоа следат Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора со по четири, додека пак Србија располага со пет заштитени локации на светско културно наследство.

Пред повеќе од четири децении УНЕСКО како агенција за култура на Обединетите нации започна со прогласување на заштитени локации на светското културно наследство, па така сега оваа листа брои над 1.100 локации на културно и природно светско наследство.

Во 1982 година е изгласана првата Конвенција за заштита на светското културно и природно наследство, а веќе следната година по предлог на Меѓународниот совет за споменици и локалитети ИКОМОС, одбран е токму 18 април за Светски ден на спомениците и археолошките локалитети.

На врвот на листата со најмногу заштитени локации се наоѓа Италија со вкупно 58 места на културното наследство, следи Кина со 56 локалитети, а Германија е во топ три земји со 51 локација. Шпанија и Франција имаат по 49, Индија 40, Мексико 35, Велика Британија 33 и Русија со 30 заштитени локации.

Во земјите од Западен Балкан најмалку заштитени локации има Северна Македонија и тоа само две, а потоа следат Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора со по четири, додека пак Србија располага со пет заштитени локации на светско културно наследство.

Од земјите од поширокиот регион кои се членки и на ЕУ, на листата на УНЕСКО со 5 локации е застапена Словенија, Бугарија и Хрватска имаат по 10, а Грција има 18 заштитени локалитети.

Годинава ИКОМОС ќе одржи голем број настани во 20 земји низ светот со главната тема „Промените на културното наследство“, а која е поврзана со последиците кои ги предизвикуваат климатските промени. .

На листата на светско културно наследство на УНЕСКО се сместени 1,157 локации кои заслужуваат посебно внимание, но и соодветна заштита. Освен директни штети од човечка негрижа и уништување при конфликти, голема грижа за УНЕСКО е и заканата на природата.

Според податоците 60 отсто од шумите на светското наследство се загрозени од настани поврзани со климатските промени, додека една третина од глечерите од листата на светското наследство најверојатно ќе исчезнат до 2050 година.

Македонското министерство за култура 18 април ќе го одбележи со богата програма и бесплатен влез во сите музеи и локалитети.

Отворени ќе бидат вратите на националните установи, заводи и музеи во Битола, Штип, Охрид, Прилеп и Струмица, на Стоби и Хераклеа, Спомен куќата на Тоше, Археолошкиот музеј, Националната галерија со сите свои објекти, Музејот на современата уметност, Музејот на македонска борба, Историскиот музеј во Крушево, Уметничката галерија во Тетово, „Др Никола Незлобински“ во Струга, Музејот на Западна Македонија во НОВ, во Кичево, Музејот на Тетовскиот крај, музеите во Куманово, Гевгелија, Природно-научниот музеј, и Музејот на Северна Македонија.

TRT Balkan