Овие две намирници го поттикнуваат глобалниот пораст на дијабетес тип 2, избегнувајте ги

Јадењето премногу преработена пченица и производи од ориз и црвено месо, заедно со јадењето со премалку интегрални житарки, поттикнува пораст на нови случаи на дијабетес тип 2 ширум светот, според новата студија која ги моделира податоците до 2018 година.

„Нашата студија сугерира дека јаглехидратите со слаб квалитет се водечки двигател на дијабетес тип 2 што се припишува на диетата на глобално ниво“, рече авторот на студијата, д-р Дариуш Мозафаријан, професор по исхрана на Универзитетот Тафтс и професор по медицина на Медицинскиот факултет Тафтс во Бостон.

Друг клучен фактор: луѓето јадат премногу црвено и преработено месо, како сланина, колбаси, салама и слично, се вели во студијата. Тие три фактори – јадењето премалку цели зрна и премногу преработени житарки и месо – беа главните двигатели на повеќе од 14 милиони нови случаи на дијабетес тип 2 во 2018 година, според студијата објавена во понеделникот во списанието Nature Medicine .

Една студија проценува дека 7 од 10 случаи на дијабетес тип 2 во светот во 2018 година се поврзани со лошиот избор на храна.

„Овие нови наоди откриваат критични области за национален и глобален фокус за подобрување на исхраната и намалување на катастрофалниот товар од дијабетесот“, рече Мозафаријан, кој е и главен уредник на Писмото за здравје и исхрана на Тафтс.

Мозафаријан и неговиот тим развија истражувачки модел за внес на исхрана помеѓу 1990 и 2018 година и го применија во 184 земји. Споредено со 1990 година, имало 8,6 милиони повеќе случаи на дијабетес тип 2 поради лошата исхрана во 2018 година, покажа студијата.

Истражувачите откриле дека јадењето премногу брза храна е поголем двигател на дијабетес тип 2 на глобално ниво отколку нејадењето доволно здрава храна, особено за мажите во споредба со жените, помладите во споредба со постарите возрасни лица и меѓу урбаните во споредба со руралните популации.