Магазинот PlayBoy (Пелјбој) ја прогласи за „совршена жена“, а сега таа откри голема тајна. Нејзиното име е Јанаина Празерес (35 г.) и стана популарна поради списанието за возрасни и има над 50 илјади следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.
Таа признава дека неколку пати одела на пластични операции и дека нејзиниот изглед не е природен.
Таа тврди дека да се биде убава е „тајната“ на подобар живот.
„Сакам да се чувствувам поубаво, секогаш се трудам да ја подигнам мојата самодоверба“, изјавила оваа Бразилка за Jamm Press.
„Ова е тајната на подобар живот. Затоа, ако можам да инвестирам во тоа, не штедам“, тврди таа.
„Кога ќе ги соберам сите операции, досега потрошив околу 300.000 долари и сигурно ќе потрошам повеќе“, најави таа.
Јанаина Празерес сподели дека имала липосукција, липосукција со висока резолуција, две операции на носот, операции на градите, биопластика за задникот, биопластика на лицето, како и дека и биле отстранети хормонски импланти.
„Мораме да ги искористиме можностите што ни ги нуди медицината. Мојата стратегија е да изберам хируршка интервенција бидејќи не можам да држам диета. Пробав различни диети и сфатив дека некои ми помогнаа веднаш, но не беа соодветни за мене. Тие се многу ригорозни и тешко е да се вклопат во рутината“, вели оваа убавица.
„Мислам дека сè е полесно да се реши со скалпел. Диетата бара прилагодување на новиот начин на живот, а јас не го сакам тоа“, заклучува таа.
Таа напомена дека е потребно секогаш да се избира пат кој е корисен за душата и телото.
Јанаина Празерес го има менталното здравје високо на нејзината приоритетна листа и оди на неделни третмани кај психолог.