ФОТО | “PlayBoy“ ја прогласи за ‘совршена жена’, а таа сега ја откри својата голема тајна: “Така функционира светот!“

Магазинот PlayBoy (Пелјбој) ја прогласи за „совршена жена“, а сега таа откри голема тајна. Нејзиното име е Јанаина Празерес (35 г.) и стана популарна поради списанието за возрасни и има над 50 илјади следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.

Таа признава дека неколку пати одела на пластични операции и дека нејзиниот изглед не е природен.

Таа тврди дека да се биде убава е „тајната“ на подобар живот.

Сакам да се чувствувам поубаво, секогаш се трудам да ја подигнам мојата самодоверба“, изјавила оваа Бразилка за Jamm Press.

Ова е тајната на подобар живот. Затоа, ако можам да инвестирам во тоа, не штедам“, тврди таа.

Кога ќе ги соберам сите операции, досега потрошив околу 300.000 долари и сигурно ќе потрошам повеќе“, најави таа.

Јанаина Празерес

Јанаина Празерес сподели дека имала липосукција, липосукција со висока резолуција, две операции на носот, операции на градите, биопластика за задникот, биопластика на лицето, како и дека и биле отстранети хормонски импланти.

Мораме да ги искористиме можностите што ни ги нуди медицината. Мојата стратегија е да изберам хируршка интервенција бидејќи не можам да држам диета. Пробав различни диети и сфатив дека некои ми помогнаа веднаш, но не беа соодветни за мене. Тие се многу ригорозни и тешко е да се вклопат во рутината“, вели оваа убавица.

Мислам дека сè е полесно да се реши со скалпел. Диетата бара прилагодување на новиот начин на живот, а јас не го сакам тоа“, заклучува таа.

Таа напомена дека е потребно секогаш да се избира пат кој е корисен за душата и телото.

Јанаина Празерес го има менталното здравје високо на нејзината приоритетна листа и оди на неделни третмани кај психолог.