ВИДЕО | Новак Ѓоковиќ стана вирален хит на Интернет поради голема грешка на доделувањето на Златната топка – погледнете што направи Србинот кој веднаш се извини

Новак Ѓоковиќ учествуваше на доделувањето на наградите за најдобрите фудбалери. Српскиот тенисер имаше задача да ја додели Златната топка на најдобрата фудбалерка Ајтана Бонмата, а неговата ненамерна грешка стана вирален.

Новак Ѓоковиќ одржа говор и ја покани фудбалерката на Барселона да излезе на сцената за да ја прими нејзината награда. Кога Ајтана Бонмата стигна до него, Новак Ѓоковиќ се тргна на страна за таа да им се заблагодари на сите, но тој го заборави клучното. Имено, тој не се сети да и го предаде трофејот, а тој момент можете да го погледнете ОВДЕ.

Ајтана Бонмата беше малку збунета, но организаторите реагираа и ја поправија оваа грешка на тенисерот. На крајот, Ајтана Бонмата со насмевка ја прими Златната топка и одржа говор во кој го привлече вниманието и на проблемите кои го следат женскиот фудбал.