ХАМАС ДОНЕСЕ НЕОЧЕКУВАНА ОДЛУКА – Се огласи висок функционер на милитантите и порача само едно

Хамас најави дека во наредните денови ќе ги ослободи странските заложници во нивно заробеништво, откако ветија дека Појасот Газа ќе го претвори во „гробишта“ на израелската Армија.

Во телевизиско обраќање, Абу Обеида, портпарол на бригадите Ал-Касам, порача:

Ги информиравме посредниците дека во следните неколку дена ќе ослободиме одреден број странци“.

Веста доаѓа откако голем број луѓе беа убиени во напад на бегалскиот камп „Џабалија“ во Појасот Газа, според Хамас.

Зградите беа срамнети со земја во густо населена област, а жителите нападот го споредија со земјотрес и сведочеа дека тлото почнало да се урива околу нив. Хамас тврди дека нападот го извршил Израел.