Израелската армија потврди дека двете жени се ослободени
Израелските заложници Миа Шем (21) и Амит Сузана (40) се ослободени денеска, потврди израелската армија .
ИДФ соопшти дека Хамас прво ги предал жените на Црвениот крст, а потоа израелските сили ја презеле нивната грижа.
Во моментов тие се префрлаат на израелска територија. Се очекува тие да бидат донесени во базата Хацерим во јужен Израел.
Таткото на Миа е пресреќен што неговата ќерка се враќа дома. Инаку, дотичната девојка има француско-израелско државјанство.
Се очекува во наредните часови да бидат ослободени уште неколку заложници.