Хамас ослободи уште двајца заложници: Миа и Амит ослободени

Израелската армија потврди дека двете жени се ослободени

Израелските заложници Миа Шем (21) и Амит Сузана (40) се ослободени денеска, потврди израелската армија .

ИДФ соопшти дека Хамас прво ги предал жените на Црвениот крст, а потоа израелските сили ја презеле нивната грижа.

Во моментов тие се префрлаат на израелска територија. Се очекува тие да бидат донесени во базата Хацерим во јужен Израел.

Таткото на Миа е пресреќен што неговата ќерка се враќа дома. Инаку, дотичната девојка има француско-израелско државјанство.

Се очекува во наредните часови да бидат ослободени уште неколку заложници.