ПО ФИНСКА И ЕСТОНИЈА – Официјален Талин одлучи да ги затвори граничните премини со Русија

Естонија е подготвена да ја затвори границата со Русија поради мигрантската ситуација. Официјален Талин ја гледа таа ситуација како „хибридни напади“ врз Естонија, објави денеска министерот за надворешни работи на Естонија, Маргус Чакна.

Тој ја опиша ситуацијата на руско-финската граница како „еклатантен хибриден напад извршен од Русија со цел да сее нервоза и нестабилност“, пренесува руската медиумска агенција ТАСС.

Маргус Чакна подвлече дека Естонија е подготвена да ја затвори границата со Русија и да се брани од какви било хибридни напади. Министрите на Естонија и други земји изразија солидарност со Финска и рекоа дека се подготвени да и помогнат на Финска доколку е потребно“, соопшти Министерството за одбрана и за надворешни работи на Естонија.

Летонскиот министер за внатрешни работи Рихардс Козловскис претходно изјави дека Летонија не планира целосно да ги затвори границите со Русија и Белорусија, како што тоа го направи Финска.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, претходно денеска изјави дека Русија добила нота од Финска за нејзината одлука да го затвори последниот граничен премин од 30. ноември.

Во меѓувреме, некои медиуми објавија дека Полска планира да испрати војници во Финска за да помогне во заштитата на нејзината граница.