Захариева: Бугарите се дел од реалноста во Македонија, тоа мора да се прифати

„Македонија мора да ги спроведе потребните реформи за да ги исполни условите доколку сака да ги започне преговорите за членство во ЕУ.

Ова го изјави поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, која е и шеф на Комисијата за надворешна политика во бугарскиот парламент.

Како што пренесува БГНЕС, нејзиниот коментар доаѓа во пресрет на уставните промени што мора да се направат во Северна Македонија за вклучување на Бугарите во Уставот.

Таа ги повика властите во Македонија да не се плашат од промените.

„Измената на Уставот на Македонија не е голема работа. Бугарите се дел од реалноста во Македонија и тоа мора да се прифати“, рече Захариева.

Таа рече и дека во интерес на двете земји е да се отвори нова страница на односи меѓу нив.