Маскирано пропалестинско девојче го прекина четвртфиналниот натпревар на Австралија Опен меѓу Камерон Нори и Александар Зверев фрлајќи летоци „Слободна Палестина“ на теренот.
Зверев и Нори беа принудени да го прекинат мечот и да чекаат да биде отстранета девојката од трибините, која стоеше зад германскиот тенисер Александар Зверев.
Norrie vs Zverev briefly interrupted by a protestor who chucks a load of flyers onto the court.#AusOpen security seemed uninterested in stopping her, but two members of the crowd did and drag her off.
— James Gray (@jamesgraysport) January 22, 2024
Stadium applauds them as they return.
Присутните во арената тврдеа дека обезбедувањето интервенирало бавно, а Индипендент наведува дека откако девојчето било исфрлено од трибините, во арената избувнал громогласен аплауз.
Papers thrown on court in Zverev Norrie pic.twitter.com/tnWyOyhxQf
— Argon Productions (@arandomgamer02) January 22, 2024