Хаос на Австралија Опен: Маскирана жена го прекина натпреварот 

Маскирано пропалестинско девојче го прекина четвртфиналниот натпревар на Австралија Опен меѓу Камерон Нори и Александар Зверев фрлајќи летоци „Слободна Палестина“ на теренот.

Зверев и Нори беа принудени да го прекинат мечот и да чекаат да биде отстранета девојката од трибините, која стоеше зад германскиот тенисер Александар Зверев.

Присутните во арената тврдеа дека обезбедувањето интервенирало бавно, а Индипендент наведува дека откако девојчето било исфрлено од трибините, во арената избувнал громогласен аплауз.