Сега знаеме од кого овој секс симбол ја наследил неверојатната убавина 

Актерката Шерон Стоун (65) неодамна објави фотографија на Инстаграм со нејзината мајка Дороти Стоун (90), а нејзините многубројни следбеници забележаа една работа.

Како што можете да видите од фотографиите, една од најубавите актерки ја наследила својата природна убавина од својата мајка, а сличноста меѓу двете е забележлива.

Набргу потоа имаше лавина од коментари и пофалби упатени кон овие фантастични жени.

„Ти си најубавата жена на светот, а кога ќе ја видам мајка ти, знам зошто си најубава“, „Убава си“, „Каква дама“, се само дел од коментарите…