Израелската армија денеска соопшти дека нејзини воени авиони синоќа нападнале воени постројки на либанскиот Хезболах.
На платформата Х беа објавени видеа и список со нападнатите области „Кфар Киле, Ајте ал Шаб, Киама и Марун Ел Раса“.
Зафатена е и инфраструктурата во областите на југот на Либан, како што се наведува, со цел „да се отстранат заканите во Таир Харфа и Џибајн“.
Израел и проиранскиот шиитски Хезболах, сојузник на палестинскиот Хамас, редовно разменуваат оган од 7 октомври минатата година, кога палестинските екстремисти предводени од Хамас ја нападнаа јужната израелска територија, предизвикувајќи војна во Газа.