Хаос на Блискиот исток: Израел безмилосно ги гаѓаше воените постројки на Хезболах, на интернет се шири снимка од наводниот напад (ВИДЕО)

Израелската армија денеска соопшти дека нејзини воени авиони синоќа нападнале воени постројки на либанскиот Хезболах.

На платформата Х беа објавени видеа и список со нападнатите области „Кфар Киле, Ајте ал Шаб, Киама и Марун Ел Раса“.

Зафатена е и инфраструктурата во областите на југот на Либан, како што се наведува, со цел „да се отстранат заканите во Таир Харфа и Џибајн“.

Израел и проиранскиот шиитски Хезболах, сојузник на палестинскиот Хамас, редовно разменуваат оган од 7 октомври минатата година, кога палестинските екстремисти предводени од Хамас ја нападнаа јужната израелска територија, предизвикувајќи војна во Газа.