Либанската милитантна група Хезболах соопшти дека денеска го нападнала командното место на израелската армија во спорната област на фармата Шеба на либанско-израелската граница со два беспилотни летала наполнети со експлозив.
Во соопштението, групата поддржана од Иран рече дека беспилотните летала биле наполнети со „големо количество експлозив“ и дека ги погодиле своите цели, објави „Џерусалим пост“.
Kако одговор, израелските одбранбени сили (ИДФ) нападнаа неколку цели на Хезболах во јужен Либан.
– Израел цели на неколку терористички инфраструктури на Хезболах долж границата, убивајќи многу терористи – соопшти ИД.
Воздухопловните сили на Израел, како и артилериските сили, се ставени во состојба на висока готовност за веднаш да одговорат на какви било напади на Хезболах од внатрешноста на Либан, според Jerusalem Post.