Хезболах со беспилотни летала ги нападна позициите на израелската армија, ИД брутално одговори (ВИДЕО)

Либанската милитантна група Хезболах соопшти дека денеска го нападнала командното место на израелската армија во спорната област на фармата Шеба на либанско-израелската граница со два беспилотни летала наполнети со експлозив.

Во соопштението, групата поддржана од Иран рече дека беспилотните летала биле наполнети со „големо количество експлозив“ и дека ги погодиле своите цели, објави „Џерусалим пост“.

Kако одговор, израелските одбранбени сили (ИДФ) нападнаа неколку цели на Хезболах во јужен Либан.

– Израел цели на неколку терористички инфраструктури на Хезболах долж границата, убивајќи многу терористи – соопшти ИД.

Воздухопловните сили на Израел, како и артилериските сили, се ставени во состојба на висока готовност за веднаш да одговорат на какви било напади на Хезболах од внатрешноста на Либан, според Jerusalem Post.