Германија во страв од немири: Одлуката на министерот ги налути приврзаниците на Хамас

Малкумина знаеја за палестинската мрежа Самидун пред 7 октомври, кога Хамас го нападна Израел. После тоа, неговите поддржувачи се здобија со негативна слава. Имено, со цел да го прослават нападот врз Израел како чин на палестински „отпор“, членовите на Самидун делеле слатки во чест на Хамас на Арапите кои навивале низ улиците на Берлин.

Министерката за внатрешни работи на Германија, Ненси Фишер денеска го забрани Самидун. Тоа значи дека ќе им биде конфискуван имотот, а ќе им биде забрането присуството на интернет и активноста на социјалните мрежи. Секој кој продолжува да биде активен во име на оваа организација, прави кривично дело. Секој кој не е германски државјанин може да се соочи со одземање на дозволата за престој. На Хамас му е забрането да дејствува.

Полицијата сега стравува од немири. Се верува дека последиците од оваа одлука ќе се „чувствуваат“ на улиците во наредните денови, пренесува NZZ. Пропалестинските демонстрации се најавени за претстојниот викенд. Се очекува само во Берлин да има десетици илјади поддржувачи.

Да потсетиме, непосредно по терористичкиот напад на Хамас врз Израел, германскиот канцелар Олаф Шолц најави дека ќе бидат воведени забрани за активности за двете организации.