Русија ја повлече ратификацијата на Договорот за забрана на нуклеарните тестирања

– Русија денес ја повлече својата ратификација на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестирања (CTBT), откако претседателот Владимир Путин го потпиша соодветниот закон.

Рускиот Парламент претходно гласаше за нацрт-законот со кој се укинува членот 1 од законот, за ратификација на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови, со што се повлекува ратификацијата.

Русија соопшти дека промената ја става на еднакво ниво со Соединетите Американски Држави (САД), кои го потпишаа, но никогаш не го ратификуваа договорот од 1996 година, кој Русија го ратификуваше во 2000 година.