Бучковски: Треба да се тргне цензусот од вториот круг на претседателските избори, за да не ризикуваме потенцијална криза

„Сите се свесни дека имаме проблеми со цензусот, но срамежливо се говори. Треба да биде стратешка одлука кога ќе се менува уставот, за што и понатмау сметам дека треба да има промени на уставот, да се тргне цензусот. Да не не води во вакви ситуации каде има можност од потенцијална политичка криза“ рече поранешниот премиер Владо Бучковски во „360 степени“ на МТВ.

Тој додаде дека со овој цензус се остава простор за задкулсни игри и со бојкот да се предизвика криза.

„Додека не го виде резултатот, Максим говреше дека тој не ги носи гласовите со себе и ќе повика секој да гласа по сопствено убедување. За вчера, во еуфорија, слушнеме како му порачува на Пендаровски да се повече од трката, што значи пропаѓање на изборите“ рече Бучковски.

Тој додаде дека некои поранешн функционери на СДСМ заговараат бојкот на вториот круг на претседателските избори како одговор на блокадите на ВМРО-ДПМНЕ од изминатите седум години, но според него тоа е погрешен пристап и стои зад одлуката на Пендаровски да се бори до крај.

„Чесно е да се мобилизира СДСМ и да се истрча до крај оваа трка. Фер е да се даде шанса на Пендаровски, во игра се повеќе од 330 илјади гласови на другите кандидати“ рече Бучковски.