ФОТО| НАД ГРЦИЈА ВЧЕРА СНИМЕН РЕДОК ФЕНОМЕН: Eве како настанува „ОГНЕНОТО ВИНОЖИТО“

Редок природен феномен „Огнено виножито“, кое личи на виножито, се појавило во средата во многу делови на Грција, а директорот на тамошната хидрометеоролошка служба денеска објасни што ја предизвикало оваа природна појава.

Твитерџиите од Грција вечерта на социјалните мрежи споделија фотографии од овој природен феномен.

Според Тодорис Колидас, директор на ЕМИ, природниот феномен „Огнено виножито“ не е виножито ниту е поврзан со оган, туку оптички феномен создаден од прекршувањето на сончевата светлина или месечевата светлина во атмосферата.

Професорот објасни како настанува феноменот

„Денес во некои области се појави редок феномен познат како „огнено виножито  . Височина поголема од 58 степени над хоризонтот. Формирањето на овие лаци бара постоење на шилести облаци (Ci) кои се формираат на поголема надморска височина и се состојат од шестоаголни кристали, кога се совршено порамнети, кристалите делуваат како призма како виножито. Втората фотографија е направена попладне на две плажи“, напишал тој во својата објава на Твитер.