Хеликоптер се урна денеска во близина на северниот брег на грчкиот остров Евија.
Хеликоптер се урна денеска во близина на грчкиот остров Евија и се уште не е познато колку луѓе имало во него и дали преживеале. Хеликоптерот паднал додека врнело на островот кој го погоди страшна бура поради невремето „Елиас“ .
Станува збор за хеликоптер А-109 на цивилната авијација кој полетал од Мандути кон индустриската област Волос во 10.13 часот. Очевидци наведуваат дека хеликоптерот извесно време летал по неправилна патека, а потоа паднал во морето, што испуштало силна бучава.