ХЕЛИКОПТЕР ЗАВРШИЛ ВО МОРЕТО ВО ГРЦИЈА! Во потрага по екипаж, авионот се урнал во близина на популарниот остров (ВИДЕО)

Хеликоптер се урна денеска во близина на северниот брег на грчкиот остров Евија.

Хеликоптер се урна денеска во близина на грчкиот остров Евија и се уште не е познато колку луѓе имало во него и дали преживеале. Хеликоптерот паднал додека врнело на островот кој го погоди страшна бура поради невремето „Елиас“ .

Станува збор за хеликоптер А-109 на цивилната авијација кој полетал од Мандути кон индустриската област Волос во 10.13 часот. Очевидци наведуваат дека хеликоптерот извесно време летал по неправилна патека, а потоа паднал во морето, што испуштало силна бучава.