Во Прибој пред кафеана во центарот на градот се случило убиство, тврдат српските медиуми.
Наводно, по расправија, мажот со метален боксирач удрил работник во фабрика, инаку познаник, кој потоа паднал и починал на лице место.
Како што пишуваат медиумите, осомничениот за ова дело избегал и по него интензивно се трага. Според извори од местото на настанот, сè уште се утврдува позадината на убиството и полицијата интензивно работи на расветлување на случајот.
– Вакво нешто не се случило во Прибој 20 години. Човекот кој го направи ова работо во Белград – додаваат тие.