Хорор во Прибој: Човек со метален боксирач го убил својот пријател па побегнал! Полицијата интензивно трага по него

Во Прибој пред кафеана во центарот на градот се случило убиство, тврдат српските медиуми.

Наводно, по расправија, мажот со метален боксирач удрил работник во фабрика, инаку познаник, кој потоа паднал и починал на лице место.

Како што пишуваат медиумите, осомничениот за ова дело избегал и по него интензивно се трага. Според извори од местото на настанот, сè уште се утврдува позадината на убиството и полицијата интензивно работи на расветлување на случајот.

– Вакво нешто не се случило во Прибој 20 години. Човекот кој го направи ова работо во Белград – додаваат тие.