Парче облека кое никако не смеете да го перете: До што се придржува и Викторија Бекам

Експертите велат дека нивното миење само ги уништува, а сигурно не сакате брзо да го „фрлите“ ова парче облека.

Чип Берг, шефот на најпознатиот бренд на фармерки во светот – Levi’s, открива дека секој што си ги пере фармерките прави голема грешка.

Тој смета дека фармерките никогаш не треба да се перат, а со него наводно се согласуваат и други модни експерти.

„Секој вистински љубител на фармерки ќе ви каже никогаш не ги перете, бидејќи едноставно ќе ги уништите побрзо“, изјави тој за Си-Ен-Ен, признавајќи дека не ги испрал фармерките 10 години.