Издрогиран возач во Романија налетал на група пешаци при што усмртил двајца, а повредил тројца.
Животот го загубиле 20-годишна девојка и 21-годишен маж.
Очевидец за романскиот сервис на Радио Слободна Европа изјавил дека 19-годишниот возач, кој управувал кабриолет марка Mercedes-Benz, за влакно избегнал нов судар.
Несреќата се случила во областа Констанц.
По несреќата возачот побегнал од местото на несреќата, но набрзо бил уапсен. Тој бил тестиран со апарат за тестирање дрога и бил позитивен на кокаин, амфетамин и метамфетамин.
Поднесена е кривична пријава за убиство со умисла, нанесување тешка телесна повреда, напуштање на местото на несреќата и возење под дејство на алкохол или други опојни средства.