ХОРОР ВО РОМАНИЈА – Издрогиран возач налетал на група пешаци и усмртил двајца млади луѓе, а тројца се тешко повредени!

Издрогиран возач во Романија налетал на група пешаци при што усмртил двајца, а повредил тројца.

Животот го загубиле 20-годишна девојка и 21-годишен маж.

Очевидец за романскиот сервис на Радио Слободна Европа изјавил дека 19-годишниот возач, кој управувал кабриолет марка Mercedes-Benz, за влакно избегнал нов судар.

Несреќата се случила во областа Констанц.

По несреќата возачот побегнал од местото на несреќата, но набрзо бил уапсен. Тој бил тестиран со апарат за тестирање дрога и бил позитивен на кокаин, амфетамин и метамфетамин.

Поднесена е кривична пријава за убиство со умисла, нанесување тешка телесна повреда, напуштање на местото на несреќата и возење под дејство на алкохол или други опојни средства.