ФОТО\ВИДЕО | ХОРОР НА КАНАРСКИТЕ ОСТРОВИ – Пожарот голта се пред себе, а градовите итно се евакуирани!

Шумскиот пожар на шпанскиот остров Тенерифе, кој принуди илјадници луѓе да ги напуштат своите домови, а истиот се шири и е надвор од контрола, додека топлото, суво и ветровито време ги отежнува напорите за локализирање на пожарот.

Доцна во саботата навечер, службите за итни случаи соопштија дека пожарот зафатил 10 градови, иако 11 биле евакуирани како мерка на претпазливост.

Ниту една голема туристичка област не е зафатена, јавуваат тамошните медиуми.

Наредена е евакуација поради влошување на временските услови во текот на ноќта.

На прес-конференција доцна во саботата, шефицата на локалната власт, Роза Давила, го опиша пожарот како „разорен“ и кажа дека тој предизвикал нови евакуации.

До недела наутро, регионалните власти соопштија дека 12.279 луѓе биле евакуирани, ревидирајќи ја нивната претходна привремена проценка од 26.000.

Фернандо Клавихо, регионален прв чоек на Канарските Острови, вели дека неделата се очекува да биде „многу комплицирана“ за пожарникарите поради неповолните временски услови.

Пожарот избувна во средата во планинскиот национален парк околу вулканот Монт Теиде – највисокиот врв во Шпанија.

Пожарот сега зафаќа површина од над 8.000 хектари во споредба со 5.000 хектари порано во саботата.

Популарните туристички области во Тенерифе, дел од Канарскиот архипелаг во Атлантскиот Океан, засега не се погодени и два аеродроми работат нормално.

Топлината и сувото време летово придонесоа за невообичаено силни шумски пожари во Европа, вклучително и на шпанскиот остров Ла Палма во јули и во Канада.

Во шумските пожари на хавајскиот остров Мауи претходно овој месец загинаа повеќе од 110 луѓе и го уништија туристичкиот град Лахаина.

Научниците велат дека климатските промени довеле до почести и посилни екстремни временски настани.

слика
слика
слика
слика
слика
слика
слика
слика
слика
слика
слика
слика
слика
слика