ФОТО | Меган Маркл го извадила свршеничкиот прстен! Сите се прашуваат дали ова е знак дека нејзиниот брак е завршен: Ова е вистината за нејзината врска со принцот Хари

Меган Маркл била „уловена“ од папарацо-новинарите откако отишла на ручек со своите пријателки Клео Вејд и Кади Ли, а она што на сите им паднало во очи е тоа што не го носела скапиот веренички прстен што го доби од принцот Хари во ноември 2017 од кој речиси никогаш не се разделува.

Сепак, изворите забележуваат дека тоа е далеку од вистината. Наводно, таа го поправала прстенот од непознати причини, а за тоа време носела друг накит, пишува магазинот Page Six. Ѕвездата на нејзината колекција, инаку, е направена од дијамант од Боцвана, како и од два мали камчиња кои и припаѓале на покојната мајка на Хари, принцезата Дијана.

Меган Маркл
Меган Маркл

Прстенот е направен од жолто злато, бидејќи и се допаѓа и главниот камен е по потекло од Боцвана. Помалите дијаманти од страна се од колекцијата на мајка ми“, вака зборуваше за овој прстен принцот Хари за време на интервју за BBC веднаш по нивната свршувачка.

Ова е нејзино прво појавување во јавноста откако „Неговото кралско височество“ беше отстрането од името на нејзиниот сопруг на официјалната веб-страница на кралското семејство. Според пишувањата на магазините, таа изгледала прилично отсутна додека одела по улицата.