Хорор во Србија: Млада мајка се обидела да си го задави своето 9-месечно бебе

Мајка (20 г.) од областа Кладово во Србија е уапсена поради сомнение дека се обидела да го задави своето 9-месечно бебе.

На А.А. и е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде спроведена во Основното јавно обвинителство“ се вели во соопштението на полицијата.

Согласно Законот за спречување на семејно насилство, и се изречени две итни мерки – времено отстранување од станот и забрана за приближување кон детето.

Blic.rs пишува дека животот на бебето не е во опасност.

Детето од синоќа е во болница и е кај својот татко. Има траги на вратот што може да укажуваат на давење“, вели добро упатен извор за Blic.rs.

Полицијата врши увид, по што треба да се знаат повеќе информации.

детеженасемејно насилствоСрбија