Фудбалерите на Фенербахче со многу мака успеаја да извојуваат победа против Карагумрук во 13. коло од турското првенство.
Гостите на полувремето водеа со 1:0, а потоа на сцена стапи херојот на домашната екипа, српскиот репрезентативец Душан Тадиќ.
Тадиќ погоди во 48. и 58. минута за пресврт и победа на Фенербахче, кој се врати на врвот на табелата.
Тадиќ реализираше пенал во 48. минута, а навивачите на Фенербахче ја забележаа реакцијата на голманот на оваа екипа Доминик Ливаковиќ. Голманот на Хрватска го чекаше извршувањето на најстрогата казна, а потоа „експлодира“ од среќа.
Ова е ситуација во која ретко се гледа Ливаковиќ.