Хрватскиот голман ,,експлодира”: Погледнете ја реакцијата на Ливаковиќ кога Душан Тадиќ даде гол (ВИДЕО)

Фудбалерите на Фенербахче со многу мака успеаја да извојуваат победа против Карагумрук во 13. коло од турското првенство.

Гостите на полувремето водеа со 1:0, а потоа на сцена стапи херојот на домашната екипа, српскиот репрезентативец Душан Тадиќ.

Тадиќ погоди во 48. и 58. минута за пресврт и победа на Фенербахче, кој се врати на врвот на табелата.

Тадиќ реализираше пенал во 48. минута, а навивачите на Фенербахче ја забележаа реакцијата на голманот на оваа екипа Доминик Ливаковиќ. Голманот на Хрватска го чекаше извршувањето на најстрогата казна, а потоа „експлодира“ од среќа. 

Ова е ситуација во која ретко се гледа Ливаковиќ.