Бразилец колабирал на терен! Лекарите со брза реакција спречиле трагедија! (ВИДЕО)

Сè почесто доаѓаат лоши вести
Спортистите отсекогаш важеле за најздрави луѓе, но во последните години се почесто пристигнуваат информации за лошо здравје кај играчите, се случуваат сцени од теренот и трагедии пред многубројна публика.

Викендов тажни сцени доаѓаат од Бразил каде за време на натпревар од тамошната лига му се слоши на фудбалерот на Коритиба, Каио Цезар.

19-годишниот напаѓач колабирал и паднал на теренот, а за среќа лекарите брзо реагирале, па навреме му била укажана прва помош, додека состојбата му била стабилизирана во болница.
По натпреварот помеѓу Кујаба и Коритиба, Каио Цезар проговорил од болница и рекол дека се чувствува добро.