Хрватскиот новинар и ТВ водител Петар Влахов во средата навечер се појави во весник од Тел Авив, но веднаш стана предмет на шега на социјалните мрежи.
Со шлем на главата Влахов известуваше за ХРТ речиси легнат на под, презентирајки поза на некој врз кој паѓаат бомби, но зад него две жени лежерно стоеја покрај автомобилот.
naš junački reporter u borbi za goli život pic.twitter.com/DpeSr5F5oW
— borrissey (@brrssy) October 11, 2023
– Носеше откопчан зелен шлем и без панцир додека другите репортери во Израел носат син панцир со натпис PRESS и сина кацига бидејќи новинарите во воените зони мора да бидат обележани. Не се знае од каде му е зелениот шлем на Влахо – наведува Јутарњи.
Petar Vlahov neodoljivo podsjeća na Smucala iz Letećih medvjedića! https://t.co/OiLeMhTUNP pic.twitter.com/poz4ISPU2s
— Jahač Apokalipse (@Apokalipsa_HR) October 12, 2023
За време на неговиот ангажман во Дневник, тој рече дека непосредно пред тоа бил сведок на ракетен напад на Хамас и дека тој и сите други виделе неколку ракети и морале да излезат од автомобилот.