ХРВАТСКИ РЕПОРТЕР ХИТ НА МРЕЖИТЕ ПОРАДИ ВКЛУЧУВАЊЕ ОД ИЗРАЕЛ: Се „крие“ од бомба, а зад него 2 жени покрај автомобил типкаат на телефон

Хрватскиот новинар и ТВ водител Петар Влахов во средата навечер се појави во весник од Тел Авив, но веднаш стана предмет на шега на социјалните мрежи.

Со шлем на главата Влахов известуваше за ХРТ речиси легнат на под, презентирајки поза на некој врз кој паѓаат бомби, но зад него две жени лежерно стоеја покрај автомобилот.

– Носеше откопчан зелен шлем и без панцир додека другите репортери во Израел носат син панцир со натпис PRESS и сина кацига бидејќи новинарите во воените зони мора да бидат обележани. Не се знае од каде му е зелениот шлем на Влахо – наведува Јутарњи.

За време на неговиот ангажман во Дневник, тој рече дека непосредно пред тоа бил сведок на ракетен напад на Хамас и дека тој и сите други виделе неколку ракети и морале да излезат од автомобилот.