Имено, еден навивач на Атлетик се најде на трибините со најфанатичните навивачи на Сосиедад, но никој не му обрна внимание. Камерите го фатија како се смешка среде огромни прослави и скандирања од ривалските навивачи. Атлетик видеото го сподели и на социјалните мрежи. „Ова сме ние. Секогаш атлетски, во добри и лоши времиња“, напишаа тие.
Ваквите сцени не се невообичаени во Шпанија, а може да се случи и мал број навивачи на еден клуб да се најдат меѓу навивачите на својот противник. Исто така, баскиското дерби е едно од најмирните во Шпанија кога е во прашање однесувањето на навивачите.