Човекот отишол на трибината со навивачите на својот лут ривал. Погледнете како тоа изгледало (Видео)

Имено, еден навивач на Атлетик се најде на трибините со најфанатичните навивачи на Сосиедад, но никој не му обрна внимание. Камерите го фатија како се смешка среде огромни прослави и скандирања од ривалските навивачи. Атлетик видеото го сподели и на социјалните мрежи. „Ова сме ние. Секогаш атлетски, во добри и лоши времиња“, напишаа тие.

Ваквите сцени не се невообичаени во Шпанија, а може да се случи и мал број навивачи на еден клуб да се најдат меѓу навивачите на својот противник. Исто така, баскиското дерби е едно од најмирните во Шпанија кога е во прашање однесувањето на навивачите.