ВИДЕО | Бесниот бик ја фрлил како партал: „Жената ја молеле да се тргне од патот, но таа не ги послушала“

Очевидците на инцидентот почнале да врескаат

Застрашувачко видео снимено на плажата Ла Фортуна, во близина на мексиканскиот град Сан Лукас, кружи на социјалните мрежи .

Туристката се обидела да собере работи, кога бикот и се приближил. Луѓето се обидоа да ја предупредат, но таа не ги послушала.

На почетокот, жена во црн фустан собира работи од песокот, додека бик ги шмрка. Слушаме како луѓето ја предупредуваат да побегне.

„Премногу си играте со него. Ве молам, не го правете тоа“, рекол еден човек.

Меѓутоа, жената не се откажала и ја ставила раката на главата на животното, како да го турка.

„Те молам, не го прави тоа“, продолжи да ја моли човекот.

Опасното животно реагирало како гром и ја удрило жената со рогови. Сведоците на инцидентот почнале да врескаат, пренесува Daily Mail.

Туристката успеала да стане, но бикот повторно ја соборил на песокот. Се крена прашина, а никој не се осмели да и пријде и да и помогне на несреќната жена.

„Се обидувавме да ви кажеме“, се слушаат извици.

Останува нејасно од каде дошол бикот на плажата и зошто и пришол на жената. Во исто време не се знае нејзиниот идентитет и дали се здобила со повреди.