Не требаше долго време за да се разбрануваат духовите во спортската јавност, многумина се прашуваа дали е навистина можно Алвеш повеќе да не е жив…
Вчера од Бразил излезе наводната информација или шпекулација дека легендарниот бразилски фудбалер Дани Алвеш се самоубил, а оваа вест молскавично се прошири на социјалните мрежи. Не требаше долго време за да се разбрануваат јавните духови, многумина се прашуваа дали е навистина можно Алвеш повеќе да не е жив…
Поради сиот хаос реагираше ПР тимот на Дани, заедно со адвокатите, кои ги демантираат ваквите наводи и потврдија дека славниот Бразилец е жив, односно тоа е само озборување.
🚨 Dani Alves did NOT commit suicide in prison. This is FAKE news spread on social media. ❌
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) March 10, 2024
(Source: RTVE) pic.twitter.com/jI9eDJbGpH
Еден од најтрофејните фудбалери во историјата, кој во фантастичната кариера освои 43 трофеи со најголемите европски клубови (Севиља, Барселона, Јувентус, ПСЖ) и двапати ја освои Копа Америка со Бразил, минатиот месец беше осуден на четири и пол години затвор затоа што на 30 декември 2022 година во ВИП делот на ноќен клуб во Барселона силувал 23-годишна девојка.
Ја однел девојката во тоалет, во единствениот дел од ноќниот клуб кој не го покриваат камерите, наводно прво побарал орален секс, а откако таа одбила ја силувал. Обвинителите побараа од девет до максимум 12 години затвор, но тој беше осуден на четири и пол години. Адвокатите на Алвеш најавија тужба, што значи дека случајот не е затворен, но Бразилецот сепак останува зад решетки.
Алвеш неколку пати ги менуваше изјавите и тврдеше дека е невин, изјавил дека тој и 23-годишнишната девојка имале договорен однос, а тоа го чувал во тајност бидејќи не сакал да дознае неговата сега поранешна сопруга Џоана Санз.