Прстенот што многумина го видоа вечерва во повеќе градови во Србија околу Месечината е добро познат оптички атмосферски феномен.
Одвреме-навреме може да се забележат различни светлосни ефекти околу Месечината, објаснува метеорологот Ѓорѓе Ѓуриќ за Телеграф.
Најпознатите феномени се познати како корона/круна и ореол на Месечината.
Ореолот на Месечината и круната на Месечината се создаваат на сличен начин како и виножитото – со прекршување на светлината на ледените кристали или капките вода во горните слоеви на атмосферата.
Ореолот има облик на голем прстен што ја опкружува Месечината .
Се формира со прекршување на месечевата светлина на ледените кристали во облаците на големи надморски височини. Механизмот на формирање на овие ледени кристали не е целосно познат, но сите тие имаат приближно ист хексагонален облик и слични димензии.
Тие се создаваат во цирусни облаци, кои се наоѓаат на височина од околу 6.000 метри, со брзото замрзнување на капките вода, вели Ѓуриќ.