ШТО Е ОВА ОКОЛУ МЕСЕЧИНАТА НАД СРБИЈА? Граѓани од цела држава пријавија чудна појава, еве за што се работи (ФОТО)

Прстенот што многумина го видоа вечерва во повеќе градови во Србија околу Месечината е добро познат оптички атмосферски феномен.

Одвреме-навреме може да се забележат различни светлосни ефекти околу Месечината, објаснува метеорологот Ѓорѓе Ѓуриќ за Телеграф.

Најпознатите феномени се познати како корона/круна и ореол на Месечината.

Ореолот на Месечината и круната на Месечината се создаваат на сличен начин како и виножитото – со прекршување на светлината на ледените кристали или капките вода во горните слоеви на атмосферата.

Ореолот има облик на голем прстен што ја опкружува Месечината .

Се формира со прекршување на месечевата светлина на ледените кристали во облаците на големи надморски височини. Механизмот на формирање на овие ледени кристали не е целосно познат, но сите тие имаат приближно ист хексагонален облик и слични димензии.

Тие се создаваат во цирусни облаци, кои се наоѓаат на височина од околу 6.000 метри, со брзото замрзнување на капките вода, вели Ѓуриќ.