Новак Ѓоковиќ моментално се наоѓа на Рајдер купот во Рим, каде на светот му покажува дека знае да игра и голф.
Ѓоковиќ остави одличен впечаток на теренот за голф, а непосредно пред овој спектакл во главниот град на Италија, Новак даде интервју за организацијата РТРА во кое зборуваше за намерата и желбата да им помогне на тенисери кои се пониско рангирани.
Детал кој на многумина им падна во очи за време на ова интервју е часовникот кој Ноле го носел на зглобот.
Ѓоковиќ има соработка со швајцарскиот бренд Hublot и често менува часовници, а последниот што го носеше е навистина спектакуларен. Станува збор за моделот Big Bang Unico Yellow Magic кој е произведен во само 250 примероци и вреди 28.300 долари.
Има оквир од 42 милиметри, рамката е изработена од жолта керамика и поради специфичната боја, но и самото име, во светот е позната како „жолта магија“.