Што носи Новак на раката? „Жолтата магија“ на Ѓоковиќ го привлече вниманието на целата планета! Ги има само 250 во светот, вредат вистинско богататво (видео)

Новак Ѓоковиќ моментално се наоѓа на Рајдер купот во Рим, каде на светот му покажува дека знае да игра и голф.

Ѓоковиќ остави одличен впечаток на теренот за голф, а непосредно пред овој спектакл во главниот град на Италија, Новак даде интервју за организацијата РТРА во кое зборуваше за намерата и желбата да им помогне на тенисери кои се пониско рангирани.

Детал кој на многумина им падна во очи за време на ова интервју е часовникот кој Ноле го носел на зглобот.

Ѓоковиќ има соработка со швајцарскиот бренд Hublot и често менува часовници, а последниот што го носеше е навистина спектакуларен. Станува збор за моделот Big Bang Unico Yellow Magic кој е произведен во само 250 примероци и вреди 28.300 долари.

Има оквир од 42 милиметри, рамката е изработена од жолта керамика и поради специфичната боја, но и самото име, во светот е позната како „жолта магија“.